Автомобил на прилепчанец бил запален, вчера во населбата Кисела Вода, информираше МВР. Според полицијата, инцидентот се случил на улицата Димо Хаџи Димов.
Сопственикот на автомобилот „ауди“, Д.К.(32) од Прилеп, кој времено престојувал во населбата, во 23.40 часот се јавил во ПС Кисела Вода. Тој пријавил дека возилото било опожарено во време меѓу 23 и 23.30 часот.
Полицијата извршила увид.