ВИДЕО – Додека другите држави создаваат енергија од магла или отпад, Македонија скоро и да не ја искористува Зелената енергија

Македонија многу малку или воопшто не ја искористува зелената енерија. Природниот гас, био гасот, сончевата енергија, ветерот, отпадот и другите извори на енергија воопшто не се приоритет ниту на државата, ниту пак на бизнис секторот и граѓаните. Свесноста за зелената енергија е скоро нула. Токму затоа Македонија е една од најзагадените држави во светот. Иако државава е втора во светот по Калифорнија според бројот на сончеви денови, за жал тоа воопшто не е искористено. Само преку сонцето Македонија може да ги задоволи сите свои потреби за енергија.

 

 

„Нашите соседи во Бугарија ја искористуваат маглата за да прават електрична енергија. Сонцето нас не ни е искористено. За нашата држава за целосно да ги покрие потребите за електрилна енергија се околу 160 км 2 кои треба да се покријат со соларни панели, коин доколку се распоредат и не се толку многу“, истакна Валентина Дисоска, неформална граѓанска група за развој на „Зелената енергија“.

 

И додека другите држави увезуваат отпад за да прават енергија, Македонија се гуши во ѓубре, гасификацијата доцни, соларни електрани не се градат, ниту пак се искористува ветерот.

 

„Ние сме општество кое не креираме ништо. Ние не креираме ниту претприемништво, не креираме ниту економја, ние сме научени се некој да ни даде на тацна. Е мислам сега дека тоа заврши и дека конечно треба да започнеме да креираме нешто“, истакна Дисоска.

 

Во Прилеп денеска беше промовиран проектот Зелена енергија – решение за иднината од страна на неформална граѓанска група. Но за жал на оваа трибина воопшто немаше претставници ниту од бизнис секторот, ниту од граѓанските здруженија, што само по себе кажува колкава е нашата желба за почиста средина и искористување на зелената енергија.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи