На 18.02.2019 година по претходна пријава за нелегален транспорт на дрва во село Пешталево, прилепско полициски службеници пред куќата на Б.Ж. затекнале товарно моторно возило од кое непознати лица растовараат бесправно сечени огревни дрва.
„При преземање на службени дејствија тројца полициски службеници биле физички нападнати и се здобиле со повреди. Едно лице влегло во возилото и го напуштил местото на настанот. По преземени мерки З.В.(44) од село Пешталево е лишен од слобода. По целосно докуемнтирање ќе биде поднесен соодветен поднесок“, велат од СВР Битола.