Детската Амбасада за Сите Деца во Светот по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик организираше литературно читање

Детската Амбасада за Сите Деца во Светот по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик,  во градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп, по трет пат оваа година, организираше литературно читање во поезија и проза на мајчин јазик на слободна тема. Учество зедоа сите основни училишта од Општина Прилеп, Општина Долнени, Општина Кривогаштани и членови на Детската Амбасада за Сите Деца во Светот кои го посетуваат Детскиот Едукативниот Центар „4ти Јули“. Учество зедоа четириесет ученици кои се преставија со своите  творби на Македонски, Албански, Турски, Босански и Ромски јазик.

 

Комисијата која ги оценуваше учесниците ја сочинуваа: Цветанка Стојаноска, наставник во ООУ„Гоце Делчев“ од Прилеп, Благојче Николоски, писател и едукатор по Англиски и Шпански јазик во Едукативниот центар при Детската Амбасада, Ајше Муаремоска Топалоска, дипломиран одделенски наставник и претставник од Општина Долнени и Цвете Божиноска, наставник по македонски јазик во ООУ „Јонче Смугрески“ од с. Обршани.

 

 

Покрај големата конкуренција и тешката одлука, комисијата оцени Лауреатот, кој оваа година прв пат се доделува, да го додели на Марија Велкоска од ООУ „Кочо Рацин“ од Прилеп, а се доделија и три места во поезија и три места во проза.

 

Добитникот на Лауреатот покрај добиената диплома ќе биде наградена со вклучивање на Летниот камп, кој го организира Детската Амбасада за Сите Деца во Светот.  За останатите места беа доделени дипломи и книги за својот успех, а на останатите учесници им доделивме пофалнци за учество.

 

Оваа организација е заслуга на децата координатори од основните училишта од Прилеп, кои работат на активности и проекти во Детската Амбасада за Сите Деца во Светот.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.