Тројцата браќа, сопственици на „Фото Лозиго“, Зоран, Горан и Лорин Дамкоски повторно ја докажуваа својата хуманост и епитетот на општествено одговорна компанија. Овој пат тие донираа германска машина „Columbus“ за чистење на подови, во вредност од 220.000 денари на Гимназијата „Мирче Ацев“, – Прилеп. Еден од сопственицитена „Фото Лозиго“, Зоран Дамкоски се надева дека со оваа машина ќе се подбрат условите за работа како на учениците така и на самиот персонал во Гимназијата.
,,Со ова сакаме и во пракса да докажеме дека постои соработка помеѓу приватниот бизнис сектор и јавните претпријатија во нашиот град.Ова не е ни прва а нема да биде ниту последна донација на Фото Лозиго, ние ќе продолжеме со вакви позитивни дела по кои сме и препознатливи имено една од причините за оваа донација е нашиот јубилеј 30години постоење“, изјавии Зоран Дамкоски.