Фото Кино Клубот „Прилеп“ на 1 март ќе ја одржи традиционалната клупска изложба „Јордан Зазоски – Зазо“

Фото Кино Клубот „Прилеп“ на 1 март во 19 часот во галеријата на домот за култура „Марко Цепенков“ ќе ја одржи традиционалната клупска изложба на уметнички фотографии, која што се организира во чест на фотографот Јордан Зазоски – Зазо.

 

Изложбата се одржува по шести пат, а ќе бидат изложени преку 60 нови фотографии од членовите на Клубот кои преку своите дела ќе го претстават нивниот личен уметнички потенцијал преточен во фотографија.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.