Поранешниот претседател на Република Хрватска, Иво Јосиповиќ, поранешниот амбасадор Љупчо Арсовски и претставници од невладината организација „Хрватско-македонска тангента“ денеска и вчера беа во посета на Општина Крушевео.
Во текот на денешнииот ден придружувани од градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски гостите ја посетија спомен куќата „Тодор Проески“, оддадоа почит на Тоше Проески на неговото вечно почивалиште и ја посетија куќата на поранешниот градоначалник на Крушево Иван Андрески како еден пример за тоа како изгледаат традиционално уредените крушевски куќи.
Посетата на Крушево од страна на „Хрватско-македонската тангента“ и екс претседателот на Хрватска беше со цел воспоставување комуникација и идна соработка во областа на туризмот и можности за инвестиции во повеќе области.
Градоначалникот Христоски на екс претседателот и членовите на Тангентата додели скромни подароци со промотивен материјал за општина Крушево. Дел од оваа посета беше и поранешниот градоначалник на општина Крушево Иван Андрески кој додели исто така симболични подароци за гостите на Крушево.