Полугол Русин сместен во шок соба во болница во градот Казан со забиен нож во грбот, излегол на цигара, објави Дејли меил.
Во видеото објавено на социјални мрежи, се гледа како раната на 34-годишниот Владимир крвари, а тој се враќа откако некој му кажува дека може да умре!
Клипот го снимила медицинска сестра која била шокирана од случајот.
Владимир бил ранет при тепачка меѓу пијани луѓе, но деталите не се познати. Лекарите од итната медицинска помош ја преврзале само раната без да го вадат ножот од кој се гледа само дршката на грбот од пациентот.
Од болницата сооошштија дека Владимир е опериран и во стабилна состојба.