Дескоска: Засега нема 2/3 мнозинство за иднината на СЈО

Facebook
Twitter
Email
Print

Власта засега нема 80 сигурни гласа во Парламентот кои преку нов закон би ја зацементирале положбата на Специјалното јавно обвинителство. Министерката за правда, Рената Дескоска посочи дека нема двотретинско мнозинство кое треба да им ги одврзе рацете на специјалните обвинители за да ги финишираат сите отворени истраги.

 

Законот за јавно обвинителство бил доставен до партиите, а Министерството за правда чека реакции од пратениците за содржината на текстот во форма на предлози. Дескоска до партиите и Собранието информираше и за препораките кои доаѓаат од ЕУ.

 

„Ние се обидуваме со законскиот текст да видиме кој ќе биде импутот од политичките партии и од пратениците кои ќе треба да го дадат тоа двотретинско мнозинство, да ги видиме нивните предлози и размислувања и потоа ќе гледаме дали ќе може да се направи обединување околу законското решение или ке размислуваме за друга опција. Мислам дека сите политички партии кои се залагаат за отворање на преговори во Македонија треба да го имаат тоа на ум, треба да бидат свесни дека на крајот се што направивме може да биде залудно ако не ја дадат поддршката за Законот за јавно обвинителство“, рече министерката Дескоска.

 

Позицијата на СЈО ја разниша Врховниот суд откако минатиот месец донесе правно мислење дека СЈО немало легитимитет да отвора истраги и да поднесува обвиненија после 30 јуни 2017 година. Врховниот судија, Џемаил Саити не смета дека највисокиот суд на овој начин му пресудил на СЈО.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи