ВИДЕО – Во Прилеп започна издавањето на белите картони за тутунот

Тутунарите денеска започнаа со вадењето на белите картони кое според законскиот рок ќе трае до 31 овој месец. Од подрачната канцеларија на министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство истакнаа дека со новиот Закон за тутун, кој е во собраниска процедура, од наредната година ќе бидат укинати евидентните листови.

 

 

„Во тој контекст, изминатата реколта 2018-2019 година, во подрачното министерство во Прилеп, за општините Прилеп, Кривогаштани и Долнени, беа издадени 10.300 бели картони. Бидејќи реколтата 2018-2019 е една од најдобрите, очекуваме интересот за реколта 2019-2020 да биде уште поголем. Владата и Министерството за земјоделие остануваат фокусирани на развојот на производство на квалитетен тутун и непречен откуп“, изјави Зоран Пачешкоски, раководител на подрачната канцеларија на министерството за земјоделство во Прилеп.

 

До денес на ниво на Македонија биле откупени 25 милиони килограми тутун по просечна цена од 214 денари. Во прилепскиот регион откупени биле околу 13 милиони килограми тутун.

 

„И оваа година тутунарите можат да очекуваат повисоки субвенции и тоа: 80 денари за прва класа, 70 денари за втора класа и 60 денари за трета и останатите класи по килограм. Значи само по основ на субвенции, во Прилеп и прилепскиот регион ќе бидат уплатени околу 14 милиони евра“, додаде Пачешкоски.

 

Иако денес е прв ден пред канцелариите на подрачно министерство за земјоделство имаше голем број тутунари кои вадеа белии картони.

 

„Лани имав 2 декари, оваа година се истите површини. Околу 500 килограми тутун извадов, таа е површината. Добро помина тутунот“, рече еден тутунар.

 

„Јас доаѓам од село Небрегово, минатата година имав 3 тона и 150 килограми тутун, просечната цена беше 221 денар. Садам 15 декари. Спрема тутунот можеше и подобро да биде. Годинава можеби ќе го зголемиме производството на тутун“, кажа друг тутунопроизводител.

 

Од подрачно министерство за земјоделство истакнаа дека доколку има потреба ќе работат и втота смена и во сабота за да се издадат сите потребни евидентни листови.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи