Германски град заплени куче поради долг и го продаде на „Ибеј“

Германскиот град Ахлен запленил семејно куче и го продал за да подмири долгови, истовремено предизвикувајќи голем број на критики од јавноста. Кучето Ед, од раса „Мопс“, било понудено на „Ибеј“ за 750 евра.

 

Претставникот на градот, Дирк Шлебес, рекол дека законите овозможуваат запленување вреден имот, како што е расно куче.

 

„Добивме малку пониска цена од таа што ја побаравме и парите се уплатени во градската благајна“, рекол Шлебес за ДПА.

 

И купувачот и семејството кое останало без своето куче биле подеднакво незадоволни.

 

Жената која го купила кучето се чувствува измамено затоа што животното било болно, а лекувањто било многу скапо. Таа се заканува со тужба и си ги бара парите назад, а бара надомест и за трошоците за ветеринар што ги платила за лекувањето на кучето.

 

Поранешните сопственици на Ед, пак, се несреќни зошто им недостига.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи