Подводната снимка направена од младиот ентузијаст Еуген Мазуренко ги запали социјалните мрежи.
Еуген Мазуренко во текот на неодамнешната посета на чернобилската зона одлучи да ја спушти камерата во каналот кој некогаш го ладел реакторот на нуклеарката, а денеска во него има живот.
Оваа видео снимка на Мазуренко брзо се прошири на социјалните мрежи, иако прикажува само еден канал и животинскиот свет во него. Меѓутоа, сепак не станува збор за обичен канал.
Тој се наоѓа во непосредна близина на нуклеарната електрана која е позната во целиот свет по катастрофата од 1986 година, а служел за ладење на реакторите. Водата во него веќе со години е озрачена, но и покрај тоа што е радиоактивно во него опстојува живиот свет.
Она што е најинтересно е дека рибите се со неверојатна големина, посебно сомовите. Експертите сметаат дека тоа не е последица на изложеноста на радијација туку едноставно поради недостаток на природни непријатели.
Ова инаку не е прва снимка до џиновските сомови. Едно слично е oбјавени пред година дена и досега го видоа милион луѓе. Секако, рибата од чернобилскиот канал не е за конзумација, но рибари секако би се радувале ако начекаат вакви капиталци во својата мрежа.