Кој реално инвестира во Македонија?? Бахамите и Бермудите меѓу петте најголеми странски инвеститори

Facebook
Twitter
Email
Print

Во Македонија лани влегле странски инвестиции од 624 милиони евра што е рекордно ниво од 2010 година наваму. Од вкупните инвестиции 404 милиони евра се директни инвестиции, а 220 милиони евра се нераспределена добивка односно реинвестирање на средства од странски компании кои подолг период работат во земјава.

 

Рекордниот износ на инвестиците во 2018 година во однос на 2017, кога изнесуваа 181 милион евра, според власта, се должи  решавањето на спорот за името, потпишаниот протокол за членство во НАТО, напредокот во процесот на европски интеграции, како и реализацијата на владиниот План за економски раст со Закон за финансиска поддршка на инвестициите.

 

Од минатогодишните инвестиции во износ од 624 милиони евра, 311 милиони се вложувања во четвртиот квартал.  Најголем инвеститор лани е Обединетото Кралство со 113 милиони евра, по што следуваат Германија 38 милиони, Турција и Бермуди со по 36 милиони , 31 милион се од Луксембург и Бахами, Грција 26 милиони, 17 милиони од Италија, 13 милиони од Романија…Според дејноста најголемиот дел од инвестициите 212 милиони евра биле во производство.

 

Забележително е што меѓу петте најголеми инвеститори се јавуваат и две егзотични земји познати како даночни раеви, односно дестинации идеални за перење пари.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи