Манчевски: Документите на хартија ќе бидат заменети со електронски документи

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Документите од хартија наскоро ќе можат да бидат заменети со електронски, кои ќе се добиваат само со неколку кликови, а кои ќе бидат подеднакво валидни како и документите на хартија, изјави денес на прес конференција министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски.

 

„Секој граѓанин ќе може електронски да добива законски валидни документи од својот дом или секаде каде што се наоѓа, кои ќе бидат доставувани по електронска пошта и ќе бидат со еднаква вредност и важност како оние добиени на шалтер и во хартија. За оние граѓани што нема да можат да побараат услуги по електронски начин ќе постои и старата опција да ги добијат преку канцелариите за една точка на услуги и на другите шалтери на институциите кои нудат услуги“, најави Манчевски.

 

Тоа, како што истакна на денешната прес-конференција, го овозможува усвојувањето на трите нови закони од страна на Владата – законот за централен регистар на население, законот за електронско управување и електронски услуги и законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги.

 

Во моментов, како што кажа, се инсталираат хардверот и софтверот потребни за непречено функционирање на регистарот.

 

Нагласи дека законите гарантираат целосна доверливост и заштита на личните податоци и додаде дека генерална заложба е електронските услуги да бидат поевтини, но сепак посочи дека секоја институција треба сама да ги коригира своите ценовници за услуги.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video