ВИДЕО – Најголемиот дел од младите во Прилеп иднината не ја гледаат во Македонија, се жалат на огромна корупција во општеството

Најголемиот дел од младите од Прилеп својата иднина не ја гледаат во Македонија. Причина за тоа е како што сами велат невработеноста, ниските примања, но исто така се жалат на огромна корупција во општеството, како дававање на мито за завршување на факултет и давање на мито за вработување.

 

 

„Младите најмногу се соочуваат со проблемот со невработеноста. Голем дел од младите или немаат работа, или немаат соодветна работа во однос на образованието што го имаат. Мислам дека 50% од младите не ја гледаат тука својата иднина за жал. Сметаат дека се дискриминирани, дека немаат подеднакви права, едноставно немаат исти шанси, не е стандардот ист за живеење како што е на запад“, вели Ангела Стојаноска, средношколец.

 

И самите млади признаваат дека е жално што огромен број нивни врсници ја чеката првата прилика да заминат во странство, но велат дека условите за квалитет на живот во Македонија се катастрофални. Некои заминуваата за да работат, некои за да учат и да се надоградуваат.

 

„Себе си се гледам како иден студен на жалост во Република Словенија, во Љубљана. Доколку не успеам таму, би се вратил во Македонија, но прво би се пробал да направам нешто со својот живот во странство, во Словенија. За жал не во Македонија. Сите знаеме колку се добри студентите што се школуваат во европските земји, но се надевам дека тоа ќе го достигнеме и ние како држава“, кажа Хари Димески, средношколец.

 

„Јас во иднина се гледам во Швајцарија, омилена држава ми е. Ги нема проблемите што ги има нашава држава. Нашава држава има премногу проблеми, со студентите кои земаат дипломи со мито и корупција, немаме добар кадар. Има многу голема невработеност, исто така имаме многу вработување со мито и корупција. Оние кои се со факултети работат на некои пониски позиции“, рече Сара Ристеска, средношколец.

 

Има такви кои и покрај лошата ситуација велат дека сакааат да останат во Македонија и да сменат нешто во начинот на фунциониирањето на државата.

 

„Искрено мислам дека имаме доста проблеми, да се грижиме околу загадувањето на воздухот ние како млади, тука ни следи долг период на живот, така да мислам дека загадувањето ни е проблем што сите на опфаќа. Мислам дека и невработувањето е исто така доста важен проблем кој треба да го решиме, затоа сме ние младите тука. Јас би сакал да се најде решение и да се реши овој проблем, за да останеме тука а не да бараме решение со излез во странство. Јас сепак би останал тука, би се борел за подобро утре“, изјави Владимир Бурнески, средношколец.

 

За да се слушне гласот на младите Претставници од Општина Прилеп и на Коалицијата на младински организации СЕГА, денеска во големата сала на Општина Прилеп одржаа работен состанок, со цел подготовка на Годишната програма за млади за периодот 2019/2020 година.

 

„Досега се изработени, односно одржани 3 поединечни фокус групи, едната беше со студенти, едната со средношколци, а третата со невладини организации. Денеска се собираме сите заедно за конечно да ги дефинираме потребите на младите во општина Прилеп и да ги дефинираме проблемите кои што ќе се решат со Годишната програма на млади на општина Прилеп за 2019/2020 година“, истакна Цвете Станојоска, помлад соработник во ЛЕР Општина Прилеп.

 

„ По досегашните средби реализирани со младите од општина Прилеп, видовме дека имаат многу проблеми, но најчесто тоа се недостигот на организирани на културни и спортски настани, односно не се чувствуваат доволно вклучени во донесувањето на одлуките. Исто така напоменаа и за проблеми кои што се однесуваат на комуналната дејност, училиштата, а воедно и факултетот во Прилеп. Поконкретно најмногу се жалат на корупцијата, но се надеваме дека со ваков вид средби, а исто така и помошта која сега и ја даваме на Општината,  а и Општината им ја дава поддршката на младите, ќе ги решиме најголемиот дел од проблемите“, потенцираше Маја Стевановска, асистент за комуникации во Коалиција СЕГА.

 

Младите се надеваат дека нивните забелешки и пораки ќе бидат внесени во Годишната програма за млади и дека конечно ќе се започне со решавањето на проблемите на младите порадии кои тие масовно се иселуваат во странство.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи