ВИДЕО – Дечињата со посебни потреби го посетија прилепскиот музеј како дел од проектот „Нов настан – почитување“

Заводот и Музеј Прилеп денеска го посетија учениците од посебните паралелки на ООУ „Климент Охридски“. Активноста е во склоп на проектот „Нов настан – почитување“ во кој се вклучени сите училишта од Прилеп. Целта е поголемо запознавање на ученииците со нашето културно богатство.

 

 

Пред извесно време тука беа и учениците од медицинското училиште и гимназијата. Денес имаме програма, посета на лапидариумот, мала посета на археолошката постапка, а исто така по желба на овие дечиња им организиравме и мала забава со храна и музика. Целта е овие дечиња да не се почувствуваат дека се маргинализирани. Ние овој проект го имаме замислено да биде долгорочен, секоја година понатаму да го практикуваме, што значи желбата  и интенција наша и од Министерството за култура е сите ученици, колку можеме повеќе да ги вклучуваме со запознавање на нашето културно богатство преку овие активности“, изјави Благоја Атанасоски, директор на Завод и Музеј Прилеп.

 

Дечињата со посебни потреби денеска цртаат народни везови и делови од народните елементи.

 

Во наредниот период ќе ги вклучиме учениците од Долненска општина, Лажани, Десово. Во план сме да ги вклучиме и учениците од турската националност, од Канатларци. Целата активност завршува со Денот на музеите, со отворањето на лапидариумот тука во музејот. Целта е мултикултурна соработка на сите ученици, да се зачува националното богатство, да се запознаеме едни со други, да се разменат искуствата“, кажа Лилјана Неделкоска, стручен соработник за мултикултурна соработка со училиштата.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи