Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите цени на дериватите. Од ноќеска на полноќ поскапуваат бензините и дизелот.
Според новиот ценовник, бензинот „супер 98“ поскапува за два денари и ќе се продава по цена од 66,50 денари, а литар од 95-ката ќе се точи за 64,50 денари, што исто така е поскапување од 2 денари по литар. Дизелот поскапува за 1 денар и ќе се продава за 61,00 денари за литар.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 49,50 денари за литар, додека цената на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,619 денари и ќе изнесува 32,847 денари за килограм.