Рикер: Историјата да биде школо, а не затвор

Facebook
Twitter
Email
Print

Историјата треба да биде школо, а не затвор. Направивте огромен чекор напред кон место во НАТО и ЕУ, а трансатлантската заедница останува темел на надворешната политика на САД, изјави идниот американски помошник државен секретар за Европа и Азија, Филип Рикер.

 

„Пресреќен сум што сум тука. Особено сега кога Северна Македонија направи огромен чекор напред кон нејзиното место во Европа и во НАТО… Цели 27 години меѓусебната недоверба и историските несогласувања меѓу Скопје и Атина го блокираа патот напред. Од мое лично искуство можам да ви кажам дека ова прашање е неверојатно сложено и, според многумина, се сметаше за нерешливо. Да се дојде до оваа точка не беше лесно, се разбира. Толку многу пати инволвираните лидери одбиваа да се откажат од процесот и продолжија“, изјави Рикер во Скопје.

 

Рикер се сретна со шефот на дипломатијата Никола Димитров кој му посака успех во извршувањето на новата функција помошник државен секрета и со кого разменија мислења за новата реалност во земјава. Попладнево ќе има средба и со премиерот Заев. Ова е прва посета на Рикер на регионот по најавата дека ќе биде именуван на позицијата помошник државен секретар за Европа и Евроазија, од која во почетокот на годинава се повлече Вес Мичел.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи