Специјална комисија ќе ги чешла сомнителните вработувањa

Facebook
Twitter
Email
Print

Агенцијата за администрација наскоро ќе воведе специјална комисија за ревизија на било која постапка за вработување за која постои сомневање, најави денеска министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

 

„Во комисијата ќе имаат право да учествуваат претставници на опозицијата и на владејачките партии, како и надворешни луѓе кои ќе бидат дополнителен механизам за контрола на ваквите ситуации“, рече Манчевски во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата.

 

Тој посочи дека нема точна бројка колку од случаите кои од јавноста беа оценети како непотизам при вработувањето се повлекле од своите работните места и додаде дека се очекуваат и резултатите од постапката што ја спроведува Државната комисија за спречување на корупција.

 

„Процесот е во тек и секој ден ќе се зголемува бројот на лицата кои се повлекуваат“, рече Манчевски.

 

Прашан до каде е процесот на прераспределување на вработените по Рамковен договор кои седат дома и земаат плата, Манчевски рече дека постапките за прераспределба  се ставени во мирување од 8 февруари кога беа распишани претседателските избори.

 

„До  8 февруари кога падна забраната процесот се одвиваше со одредена динамика, а ќе продолжи веднаш откако ќе завршат претседателските избори“, рече Манчевски и додаде дека се забранети и останатите избори и именувања се додека Државната изборна комисија не ги објави официјалните резултати од претседателските избори.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи