ВИДЕО – Во Прилеп се презентираше проектот МАИНЛАНД за консолидација на земјоделското земјиште

Денеска во Прилеп се презентираше проектот финансиран од Европската Унија „Воведување на национална програма за консолидација на земјиште” (МАИНЛАНД) кој го спроведува ФАО во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Се одржа регионална работилница за подигнување на јавната свест за консолидација на земјоделско земјиште.  Денешната работилница е почеток на овогодинешната кампања за консолидација на земјоделско земјиште која ќе трае во наредните два месеци.

 

 

Главната цел на работилницата е да се подигне локалната свест и разбирање за придобивките од консолидацијата на земјоделското земјиште. Присуствуваа земјоделци, сопственици на земјиште, земјоделски организации, претставници на села и локални самоуправи, геодетски фирми, претставници од МЗШВ и АПРЗ, како и други важни локални чинители од Пелагонискиот регион.

 

Учесниците се информираа за принципите и постапките за консолидација на земјоделско земјиште во согласност со Националната стратегија за консолидација на земјиште (2012-2020) и  Законот за консолидација на земјоделско земјиште, како и за тековните активности во рамки на проектот МАИНЛАНД.  Учесниците  беа исто така информирани за тоа како да аплицираат на претстојниот повик за изразување интерес за проекти за консолидација на земјиште кој ќе биде отворен од денеска и ќе трае во текот на март и април 2019 година.

 

„Проектот за воведување на национална програма за консолидација на земјоделско земјиште, кој што е финансиран од ЕУ, а го спроведува ФАО заедно со министерството за земјоделство. Започна да се спроведува во март 2017 година и ќе трае до август 2020 година. Проектот е имплементиран од страна на ФАО, како организација која што има богато искуство во спроведување во окрупнување на земјиште. Окрупнувањето за земјоделско земјиште е процес кој ефективно се спроведува во многу европски земји веќе подолго време, меѓутоа е релативно нов процес во Република Северна Македонија. Се работи за ефикасен инструмент за управување на земјоделско земјиште, од кој што траен бенефит имаат самите земјоделци, бидејќи истиот им помага да ја подобрат територијалната основа за спроведување на земјоделските активности, што би резултирало со зголемена конкурентност на земјоделското производство“, истакна Вилма Даугалина, тим лидер на проектот МАИНЛАНД.

 

Според Даугалина земјоделците ќе имале огромен бенефит од консолиидацијата на земјиштето.

 

„Консолидацијата на земјоделско земјиште била процес на ред пацријализација на раситнетите земјишни парцели, со што истите се окрупнуваат и се подобрува можноста за подобрување на руралната инфраструктура, вклучително рурални патишта, системи за наводнување и одводнување, што значи целокупната основа за спроведување на земјоделските активности се подобрува. Со окрупнувањето на земјоделското земјиште ќе напоменам се постигнува подобрена форма на земјишните парцели, еден земјоделец добива можност за окрупнување на својот земјоделски имот и со тоа практично се зголемува ефикасноста на земјоделските активности, се намалува потребата од патување од една до друга просторно оддалечена земјишна парцела. Се на се, оние земјоделци кои ќе се вклучат активно во процесот се оние кои ќе бидат победници, затоа што се работи за многубројни придобивки за зголемување на ефикасноста на земјоделското земјиште“, додаде ????

 

Следните работилници за подигнување на јавната свест за консолидација на земјоделско земјиште ќе се одржат во Куманово  и Струмица, на 7. и 12. март. Кампањата ќе продолжи и на локално ниво, каде што проектниот тим, заедно со претставници на МЗШВ, ќе посетат неколку целни заедници, вклучително Кривогаштани, Старо Нагоричане, Босилово и Колибари, со цел да им се помогне на потенцијалните кандидати да аплицираат  за локални проекти за консолидација на земјоделско земјиште. Овие активности имаат за цел да помогнат при изборот на нови 12 потенцијални области за консолидација на земјиште во земјата.

 

„Од суштествена важност е да се одберат вистинските локации каде што има потреба и оправданост за отпочнување на окрупнување на земјоделското земјиште. Можам да кажам дека идеална локација не постои, но ги земаме во предвид сите оние локации кои имаат земјоделско производство, каде што има голема фрагментација, односно расцепканост на приватните поседи, но исто така од клучна важност е и интересот и спремноста на локалната заедница, пред се на сопствениците на земјиште да влезат во еден ваков проект. Постапката на консолидација е долготраен процес, кој трае можеби година или две. Тој се спроведува во неколку фази, прво се прави детална анализа на сето она што во даденото подрачје постои, од аспект кои се сопственици, кои имотно-правни проблеми ги имаат и дали и на кој начин можат да се решат со постапката на окрупнување. Кое е земјоделското производство и ризиците, исто така и можностите за замена, односно подобрување на земјоделските практики. Третиот сегмент е исто така правиме анализа што има, но што фали од земјоделската инфраструктура во полето каде што би била интервенцијата, од типот потреба за уредување на рурални патчиња, систем за наводнување, надминување на проблемите со поплави и слично. Кога ќе се направи анализата почнува сржта на постапката за консолидација, каде што се прават интензивни, детални разговори и преговори со сите сопственици на кој начин ќе се окрупнат нивните поседи. Значи секој сопственик ако има еден хектар кој е расцепкан на 4-5 парцели, преку постапките на окрупнување тој би го добил својот посед на една локација, со тоа што нормално ја зголемува ефикасноста на производството, но исто така значително ги намалува трошоците на сопственото производство и на крај на денот дирекно се придонесува кон загадувањето кое земјоделското производство го прави“, рече Наташа Љубецки Анѓелиќ, вработена во проектот МАИНЛАНД.

 

На крајот секоја една консолидација завршувала со издавање на имотни листови за новата состојба и на новиот имот на секој од земјоделците и интервенции доколку има потреба во земјоделската инфраструктура.

 

„Морам да напоменам дека во консолидацијата еден од главните принципи по кои се спроведува оваа постапка е секој тип на земјиште да излезе од постапката со најмалку истата вредност и површина на земја со која влегува. Ние иако сме на раните почетоци на спроведување на постапките на окрупнување во Македонија, имаме над 7 локации кои се на територија на цела Македонија и кои се во различна фаза на имплементирање на постапките на консолидација. Имаме 5 активни локации во битолскиот регион, 4 во кочанскиот регион, имаме во гевгелиско-богданскиот регион, радовишкиот регион, така да полека но сигурно овој концепт на окрупнување се прифаќа се повеќе и од земјоделската популација, но и од сопствениците на земјоделско земјиште“, додаде Љубецки Анѓелиќ.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи