Прилепскиот кинематограф Христијан Конески, кој моментално живее и работи во Сиднеј Австралија, само уште еднаш не потсети колку тој е вистински мајстор на својот занает и колку Прилеп може да се гордее на него. Неговото последно SHOWREEL видео, или микс од повеќе видеа кои ги има изработено претежно како видео спотови, е доказ за квалитетот на неговата работа која е еднаква на најголемите светски кинематографи.
Христија Конески
Конески подолг период снима видео спотови за познати музички бендови и ДЈ од САД, Швајцарија, Шведска, Кипар, Шпанија, Холандија, Јужна Кореја, Јапонија, Австралија и многу други. Доколку сакате да погледнете повеќе видеа од Конески посетете ја неговата интернет страница : http://hristijankonesky.com/
Погледнете го најновото SHOWREEL видео и уживајте !