Се запали возило Фиат Пунто со битоски регистарски таблици во катната гаража во Прилеп. Пожарот е пријавен во 12 часот, а од ТППЕ Прилеп истакнаа дека интервенирале со едно возило и 4 пожарникари. Пожарот е изгаснат за брзо време, но поради нискиот дел од катната гаража кој ги спојува спратовите противпожарното возило не можело да се влезе во гаражата.
„Пожарот во 12 часот го пријавил вработен на наплатната рампа во катната гаража. Поради нискиот дел кој ги спојува катовите, односно каде е вртењето внатре во катната гаража, нашето возило не беше во можност да влези внатре на спратот, пожарот го гасневме со спојување на црева од пожарната кола која беше паркирана пред катната гаража“, вели Виктор Стојчески, командиир на ТППЕ Прилеп.
Засега не се познати причините зошто се запалило возилото и дали пожарот е намерно подметнат.