Владата ги објави новите имиња на институциите

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Владата ги објави новите имиња на институциите, кои ќе бидат преименувани согласно новото име на државата од Преспанскиот договор. Со промената, главно, онаму кадешто стои името Република Македонија се менува во Република Северна Македонија. Придавката „македонска/ски“ пак најчесто се менува во „национална/лен“.

 

Така на пример сегашната „Македонска филхармонија“ станува „Национална филхармонија“, „Македонска пошта“ е „Национална пошта“, „Македонска радиотелевизија“ се преименува во „Национална радиотелевизија“. Приодавката „македонски“ во имињата на институциите останува во името на „Институтот за македонска литература“, Националната установа „Македонски Народен Театар“ – Скопје, „Музејот на македонската борба за самостојност“ – Скопје. Во овој случај стои назнаката дека ова се институции на Република Северна Македонија.

 

Меѓу институции во кои се додава „Република Северна Македонија“ се Владата и министерствата, Собранието, но и Уставниот и Врховен суд, Државното правобранителство, Народниот правобранител, Народната банка.

 

Владата на РСМ ги задолжи и им укажа на сите институции, да извршат проверка дали е извршена промена на сите дигитални записи (логоа, меморандуми, електронски комуниказии, веб-страни, медиуми итн) и да извршат проверка дали е извршена измена на меморандумите, печатените материјали, папките, индикаторите, согласно заклучоците број 4 и број 5 од 120-тата седница на Владата на Република Северна Македонија, и во рок од 7 дена до Меѓуресорска работна група за извршување на обврските од Конечната спогодба, да достават збирен извештај дали е извршена бараната измена и до кој степен.

 

Листата на сите институции може да се види ОВДЕ.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video