ВИДЕО – Продолжува карневалската магија во Прилеп, денеска со детскиот карневал и Статуа Фест

Над 300 учесници со 15-тина маски денеска продефилиираа во центарот на Прилеп како дел од вториот ден на меѓународниот карневал Прочка. На денешното дефиле учествуваа учениците од основниите училишта и градинките.

 

 

„Со нетрпение работиме 1 до 2 месеци, кореографија,изработка на маски, сиите ние живееме за овој ден, за оваа маска“, рече една од учесничките на карневалот.

 

„Се подготвуваме скоро еден месец интензивно, помагавме сиите, се дружевме, се забавувавме и сме многу среќни“, рече друга учесничка.

 

„Нашата маска претставува рециклирање со цел да се зголеми свеста за рециклирањето во Македонија и да имаме чиста животна средина“, рече трет учесник на карневалот.

 

„Јас сум Ван Гог и ја претставувме сликарската уметност, ние сме слики и уметниции“, додаде друг учесник на карневалот.

 

Денеска освен конвенционалниот дел на фестивалот за прв пат се воведе нешто ново, а тоа е т.н. Статуа фест или улична уметност со познати уметници од Европа. Нивната интерактивност со публиката привлече огромно внимание.

 

„Статуа Фест има за цел да го донесе стрит артот, односно уличната уметност кои се случуваат низ целиот свет во Македонија“, истакна Војо Цветановски, Статуа Фест.

 

„Во моментов го работиме нашиот пиратски акт, станува збор за живи статуи, се занимаваме и со некои други циркуски уметностии кои се работат на улица и во суштина се повеќе и повеќе има уметници кои се занимаваат со ова“, кажа една од учесничките на Статуа Фест.

 

За утре пак е предвиден главниот настан, дефилето на кое се пријавени над 600 учесници од Македонија и скоро сите Балкански држави и кое треба да претставува вистински спектакл со досега невидени маски на Балканот.

 

„Имаме да се пофалиме невиден маска досега на Балканот, ја подготвуваат прилепчани, тоа е навистина одлична маска, јас имав прилика да случајно да ја видам, најавувам богата програма за утре и голем број на луѓе“, кажа Ванчо Ѓеоргиев, претседател на меѓународен карневал „Прочка“.

 

„Граѓаните и посетителите ќе уживаат во поединечните и групните маски, секако ќе има драмски изведби. А ќе има и нов модерен дел кој ќе изведува улична уметност“, истакна Илија Јованоски, градоначалник на Прилеп.

 

Доделување на наградите од двете дефилеа ќе се случи утре вечер на големиот маскембал во 21 часот.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи