Дваесет и четири годишниот Енвер Тоска од Битола, вработен како полициски службеник во СВР Битола, денеска на рочиштето во Прилеп призна дека лани во септември во близина на селото Беловодица го убил својот 36 годишен сограѓанин Алили Бекир. Во завршните зборови тој рече дека се кае за стореното дело и и се извини на фамилијата на убиениот. Неговиот бранител пак побара пониска затворска казна според измените во кривичниот закониик кој го дозволувал тоа ако се признае делото. Затворската казна за вакво дело е од 10 години до доживотен затвор.
„После оценката на сите материјални докази и едно многу стручно изведено обвинение, со обезбедување на доказии немаше друга можност освен признавањето на виината. Обвинетиот се согласи со тоа бидејќи уште во текот на издржувањето на притворот истиот веќе ги осети последииците на неговото однесување и сметам дека тоа е преломно кај него да дојде со признавање на вина“, истакна Васко Ѓорѓиев, адвокат на обвинетиот.
Инаку Тоска откако го убул Бекир за да ги скрие трагите го запалил неговото тело. Според Јавното обвинителство и одбраната на семејството Бекир, обвинетиот Тоска бил свесен за делото кое го извршува и претходно се подготвувал за истото. Ова според нив е едно од најтешките кривични дела. Мотивите за убиството и денес остануваат нејасни. Семејството на Бекир сбараше максимална казна.
„До ден денеска обвинетиот немаше дадено исказ пред обвинителството, но денеска на главната расправа во целост го призна криивичното дело кое што му се става на товар. Сега понатаму му оставаме на судот да донесе одлука, а за тоа каква ќе биде одлуката неможам да кажам, дали ќе има доживотен затвор, дали помала казна“, кажа Емил Гугучески, адвокат на семејството на убиениот.
Судењето се одвиваше под силно полициско обезбедување на судот во Прилеп.
„По однос на мерката притвор, судот, односно 5 члениот совет, го прифати предлогот на Јавното обвинителство и на застапникот на обвинението при што притворот против обвинетиот Енвер Тоска од Битола беше продолжен до отпочнување со издржувањето на казната затвор“, истакна Жарко Велески, портапрол на Основен Суд Прилеп.
Од судот рекоа дека висината на казната ќе се знае за неколку дена после советување на судскиот совет.