Прилепчанец бил тешко повреден откако изгубил контрола на мопедот што го управувал вчера во Прилеп.
Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила околу 14.30 часот на улицата 11-ти Октомври во Прилеп.
А.С.(44) управувајќи мопед изгубил контрола и паднал на коловозот. Од падот А.С. се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во болницата во Прилеп, каде му била укажана лекарска помош.
Увид извршила екипа од Полициската станица Прилеп.