Во сообраќајна акциска контрола изминатиов викенд на подрачјето на СВР Битола биле казнети 32 возачи кои возеле со брзина поголема од дозволената и 15 кои возеле под дејство на алкохол.
Контролирата била со цел за откривање на несоење зимска опрема, управување без возачка, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата , товарни возила, појас, светло и алкохол, во сите полициски станици. Полицијата контролирала 906 возила и возачи.
Казнети се 15 возачи кои возеле пијани, 32 возачи го управувале возилото со поголема брзина од дозволената, 16 возачи управувале без возачка дозвола или со измината важност.
Кај едно возило е утврдена техничка неисправност, а на 8 возила утврдено е дека се нерегистрирани или се со измината важност на сообраќајните дозволи. Санкционирани се шест возачи кои зборувале на мобилен телефон додека управувале возило, а еден возач бидејќи извршил неправилно престигнување.
Исто така при контролата откриени се и други 35 видови други прекршоци.