Страшна сообраќајна несреќа се случи вечерва во Прилеп околу 22.30 часот на раскрсницата на улиците „Димо Наредникот“ и „Александар Македонски“ помеѓу возило Фиат Пунто со прилепски таблици и комбе кое превезувало патници, исто така со прилепски таблици.
Според првичните и неофицијални информации во несреќата нема жртви, но повредени биле 10-тина лица. До несреќата дошло кога од засега непознати причини се случил директен судир помеѓу комбето и автомобилот.
Инаку први на лице место пристигнаа пожарникарите од ТТПЕ Прилеп заедно со Итната медицинска помош . Благодарение на брзата интервенција на ТППЕ, со сечење на дел од возилото Фиат Пунто, навреме и безбедно се извадени двајцата потешко повредени кои биле во него.
Повеќе информации се очекуваат во текот на утрешниот ден.