Идитарод – трка на 1850 километри низ дивина

„Идитарод“ претставува трка со кучиња и санки долга 1850 километри, која се одржува секоја година во март и е трасирана долж територијата на Алјаска, односно од Енкориџ до Ном.

 

Тоа е трка која претставува огромен предизвик и за луѓето и секако за кучињата, се одвива во исклучително тешки услови, минувајќи преку планини, замрзнати реки, густи шуми, долги и исцрпувачки патишта изложени на силен ветар и бури.

 

Тимовите се сочинети од 14 кучиња кои ја влечат санката и еден човек кој е лидер на тимот. Правилата наложуваат барем 5 од кучињата со кои еден тим ја започнува трката мора да бидат во запрегата на целната линија.

 

Рекордер на оваа трка која се одвива во брутални зимски услови преку целата територија на државата Алјаска е 57-годишниот Мич Сиви, најстар и најбрз натпреварувач кој победил на трката, со време од 8 дена, 3 часа, 40 минути и 13 секунди.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи