Кит проголтал нуркач, а потоа го плукнал

Она што го доживеал 51-годишниот Јужноафриканец Рајнер Шимпф за време на нуркање ќе го памети цел живот. Имено, Рајнер кој режисер на емисијата Dive Expert Tours, нуркал недалеку од градот Порто Елизабет снимајќи сардини кога за малку ќе бил проголтан од кит.

 

„Само се појави пред мене, голташе риби и така ме вшмука и мене. Во таква ситуација нема време за плашење, мора да ги користите сите свои инстинкти. Го задржав мојот здив мислејќи дека ќе се нурне и дека ќе ме пушти многу подлабоко во океанот, а внатре во неговата уста беше темно и мрачно“, рекол Рајнер на кој само нозете му виселе од устата на китот.

 

Остатокот од екипата со неверување гледала што се случува. Додека бил во устата на китот, неговиот колега и фотограф Хајнц Топерцер ја држел камерата насочена кон Шимпф и ужаснато гледал што се случува. Кога китот го исплукал, тој успеал да се врати неповреден на својот брод.

 

За среќа, Рајнер се извлекол без никакви повреди. Кога видел дека се добро поминало се вратил во вода и продолжил со снимањето

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи