Мистериозен објект најден на дното од Балтикот

Шведските нуркачи во 2011-та година на дното на Балтичкото море здогледаа необичен објект со големина од 60 метри, но многумина помислија дека наликува на вселенски брод, а осум години подоцна, научниците и натаму не знаат за што станува збор.

 

Објектот кој што лежи на дното на залив помеѓу Шведска и Финска има два влеза, се наоѓа на длабочина од 87 метри и наликува на печурка.

 

„Мојата хипотеза е дека оваа структура настанала за време на леденото доба, пред многу илјади години“, изјави професорот на Универзитетот во Стокхолм, Волкер Брухерт.

 

Најинтересно се чини е тоа што кога група на истражувачи на “Team Ocean X”, кога нурнале во длабочините за да го истражат овој мистериозен објект, забележале дека сите нивни електронски уреди престанале да работат.

 

„Сите електронски уреди, па и сателитскиот телефон престана да работи кога бевме над објектот. Дека не станува збор за случајност сфативме кога опремата повторно почна да работи кога бевме на околу 200 метри од објектот. Опремата повторно престана да работи кога се вративме во близина на објектот“, изјави истражувачот Стефан Хогерборн.

 

Додека некои сметаат дека станува збор за НЛО, многумина сепак тврдат дека станува збор за потопен бункер од Втората светска војна. Според некои други теории, станува збор за остаток на глечер или некаква друга совршена природна геолошка формација.

 

Една од теориите е дека станува збор за древен храм стар 14 илјади години кој бил дело на некоја напредна цивилизација.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи