Пензија од 6.000 денари и без ниту еден ден стаж

Facebook
Twitter
Email
Print

Сите граѓани постари од 65 години, кои немаат ниту еден ден работен стаж, од годинава ќе можат да добијат пензија. Ова го предвидува Предлог законот за социјална сигурност на старите лица, кој веќе е во Собрание и ќе се гласа по скратена постапка.

 

Предвидено е социјалната пензија да изнесува 6.000 денари и еднаш годишно да се усогласува со трошоците на живот, а ќе се исплаќа во Центрите за социјална работа.

Според законското решение социјален пензионер може да стане само македонски државјанин кој:

 

  • најмалку 15 години живеел во земјава пред да го поднесе барањето за пензија;
  • да има пријавен пензиски стаж во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија или стаж на осигурување во траење помалку од 15 години;
  • да не поседува имот и имотни права од кои може да се издржува;
  • да не е корисник на пензија од Република Македонија или вид на исплата по основ на старост, инвалидност или доживување од друга држава;
  • да не остварува приходи;
  • да има македонско државјанство.

Право на ваква пензија нема да можат да добијат граѓаните кои се во брак или живеат во вонбрачна заедница, а чиј партнер веќе добива пензија.

 

Пензионерите од оваа категорија ќе добиваат по 6.000 денари месечно пензија и таа еднаш годишно ќе се усогласува со трошоците на живот. Законот, исто така, предвидува на овие лица да им се дава и надоместок за греење во износ од 1.000 денари во периодот од октомври до март, односно во текот на грејната сезона.

За потсетување, минималната пензија која ја исплаќа Фондот на граѓаните кои имаат најмалку 15 години работен стаж изнесува околу 8 800 денари.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи