ВИДЕО – ОБНОВЕНО – Познато кој ги управувал возилата во тешката сообраќајна несреќа во Прилеп

На 13.03.2019 во 22.10 часот на улица „Александар Македонски“ во Прилеп се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Фиат Пунто“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.Д.(54) од Прилеп и минибус „Мерцедес Спринтер“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од И.В.(30) од Прилеп.

 

„Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот С.Д, а со телесни повреди се здобил сопатникот од истото возило Д.Ј.(44) од Прилеп и уште девет патници во минибусот. На сите повредени им била укажана лекарска помош во Градската општа болница Прилеп. Увид на местото на настанот извршиле екипа од Полициската станица Прилеп и Јавен обвинител“, велат од СВР Битола.  

 

Инаку први на лице место пристигнаа пожарникарите од ТТПЕ Прилеп заедно со Итната медицинска помош . Благодарение на брзата интервенција на ТППЕ, со сечење на дел од возилото Фиат Пунто, навреме и безбедно се извадени двајцата потешко повредени кои биле во него.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи