НАСА: Првата личност која ќе чекори на Марс ќе биде жена

Шансите првата личност на Марс да биде жена се големи, изјавил директорот на американската вселенска агенција Наса Џим Брајденстин. Всушност, големи се шансите и следната личност што ќе ја испратат на Месечината да биде жена.

 

Тој не спомнал некоја конкретна личност, но рекол фека жените се во прв план на идните потфати на агенцијата.

 

НАСА исто така објави дека жени астронаути ќе бидат првите кои ќе имаат чест на вселенска прошетка кон крајот на месецот. Станува збор за астронаутките Ен Меклен и Кристина Коч, пренесува Си-Ен-Ен. Вселенската прошетка ќе трае околу 7 часа. И двете астронаутки се дел од класата 2013, во која половина кандидатки се жени.

 

Првите жени се придружиле на NASA во 1978 година. Денес, 34 проценти од активните астронаути во НАСА се жени.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи