„Ние сме најсиромашниот регион на Европа. Сакам автопати тука, во Молдавија и во мојот роден град Сучава“, изјави Мандачи за Јуроњуз.
Како што кажа, му дошле преку глава празните ветувања на властите во изминатите 30 години дека ќе изградат нови патишта, па решил самиот нешто да преземе. Целиот тој перформанс го чинел 4.500 евра, а минатата недела дури направил и свечено отворање на автопатот.
Кампањата на Мандачи „Романија сака патишта“ е исклучително популарна, а десетици илјади луѓе од целата земја дојдоа да го поддржат на „отворањето“ на автопатот.
Романија има една од најкратките мрежи на автопати во Европската унија од само 806 километри за целата земја. За споредба нејзината територија е еднаква со со Велика Британија, која има мрежа од автопатишта од околу 4.000 километри.