Откажана претставата „Северно од Македонија“ на Сашо Тасевски во Прилеп, тој обвинува за цензура

Актерот Сашо Тасевски обвинува дека бил цензуриран од страна на Домот за култура во Прилеп кој му ја откажал претставата „Северно од Македонија“за која веќе биле продадени и карти.

 

На својот ФБ профил Тасевски пишува :

 

„А бе курлиња, ко беше ДПМНЕ пуштено на најјако, во 2011 година, никогаш не ми се случи Универзална Сала да ми откаже стендап настап, иако директорката беше асли вмровка. Она лично ми правеше мобинг и притисок дури и пред сама претстава: Не го кажувај тој дел вчера што го кажа на пробата, не ти треба, си имаш фамилија, убаво работно место…

 

Сепак, никогаш не се дрзна да ми откаже настап со некое беззвезно оправдување, иако бев дрзок кон неа: Види, мене ВМРО ниту ми ја дало работата ниту ќе ми ја земе! Претставата Северно од Македонија, што беше договорена ПРЕД ДЕСЕТ ДЕНА, во Домот на културата во Прилеп, за 31 март, веднаш по скопските претстави на 29 и 30 март, денес директорката ја откажа. Образложението не вреди да го спомнам.

 

Грешки се случувале. Мене ми продава муда за бубрези. Јас бев директор, такви грешки не смеат и не можат да се случат. Распоредот секогаш беше пред мене, на биро. Овој и овој термин ви се слободни. Едноставно букираш термин и тоа е. Ниту еден што букирал не сум го извисил. Нека кажат. Ама на директорката во домот во Прилеп, некој и кажал да ме шутне, ама ако.

 

Не е ни важно. Пропадна работата, иако веќе се продадоа преку двеста карти за таа претстава во Прилеп, и се направи плакат за билборд и други работи.Како јас и продуцентите да ги погледнеме сега во очи тие луѓе што купиле карти и сакале претстава?

 

Му рекла на продуцентот ќе добиете простор кон средината на мај. После изборите и после све, кога веќе на никој не му е да се пика во домови за култура на 40 степени. Ај ако не, во јули да ја правиме на Халкидики. Врв на непрофесионализам. Да и ќе се дрзнам да кажам: ЦЕНЗУРА! Кој ве клацка! – пишува Тасевски на фејсбук.

 

 

А бе курлиња, ко беше ДПМНЕ пуштено на најјако, во 2011 година, никогаш не ми се случи Универзална Сала да ми откаже…

Posted by Sasho Tasevski on Wednesday, March 20, 2019

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien