По повод денот на пролетта утре во Прилеп ќе се одржи акцијата „Еко Прилеп“ со што ќе се одбележи и Денот на екологијата. Утре се планира да се чисти на повеќе места.
„На Паркот на Револуцијата, каде ќе се изврши засадување и зазеленување. Ќе се чисти и патот кон вештачкото езеро, патот до манастирот Свети Димитрија во близина на селото Селце и ливадите околу него, а ќе чистиме и на повеќе места каде има депонии. Ги повикувам граѓаните, сите правни субјекти и НВО секторот, масовно да се вклучат во оваа акција, за зазеленување и за чистење на Прилеп за да му дадеме нов лик на еколошки и чист град“, истакна Ирена Станковска, дииректор на ЈКП „Комуналец“ Прилеп.
Акцијата започнува во 8.00 утре, а сите заинтересирани граѓани кои сакаат да бидат дел од овој еко настан може да се пријават пред 8.00 часот утре во просториите на ЈКП „Комуналец“ во Димо Наредникот.