Утринава екипите на ЈКП „Комуналец“ во рамките на акцијата за пролетно кастрење на дрворедите во градот ги пресекоа и пламите кои беа засадени покрај зградата на локалната самоуправа во Прилеп. Според директорката, Ирена Станковска, палмите се сечеле бидејќи биле исушени и истите ќе бидат заменети со декоративни садници.
„Се кастрат дрвата, тоа е пролетното кастрење, а се сечат и палмите кои се исушени. Палмите уште утре ќе бидат заменети со зимзелени садници. Палмите ќе бидат заменети со декоративни садници, ќе има зимзелени и посебни цветни декоративни садници“, рече Станковска.
Пролетното кастрење ќе се одвивало на сите дрвореди во градот каде што има потреба.
„Во моментов исчистена е комплетно населбата Бончејца, се работеше во Точила, Тризла, а сега продолжуваме со центарот на градот и секаде каде што има потреба се додека дозволуваат временските услови“, додаде Станковска.