Подрачното основно училиште „Никола Карев“ во Норово и ОУ „Кочо Рацин“ од Прилеп ја спроведоа активноста за чистење и рециклирање на отпад во с. Норово дел од проектот за меѓуетничка интеграција на Министерството за образование и наука.
Учениците од двете училиште беа вклучени во собирање на отпад од улиците и ова е прв дел од активностите планирани во овој проект.
Активностите на двете училишта и самиот проект се поддржани од локалната самоуправа, а градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски присуствуваше на спроведување на првата фаза од активностите.
„Покрај меѓуетничко интегрирање со најмладите работиме и на решавање на уште еден проблем, а тоа е одржување на хигиената и подигнување на свеста кај младите за важноста од чистата животна средина. Општина Крушево ќе продолжи да го поддржува овој проект и ја нуди целосната соработка на ООУ „Никола Карев“ и ООУ „Кочо Рацин“ од Прилеп кои се вклучени во имплементација на проектот.“, изјави градоначалникот Христоски по спроведувањето на активноста.