Светски ден на лицата со Даунов синдром

Денеска се одбележува светскиот ден на лицата со Даунов синдром – 21 март.

 

На овој ден луѓето облекуваат шарени чорапи со цел да им дадат поддршка на луѓето кои имаат Даунов синдром. Оние кои носат различни чорапи покажуваат колку е важно да ја прифатиме разликата помеѓу луѓето. Веројатно се прашувате која е симболиката на шарените и различни чорапи.

 

Луѓето со Даунов синдром се навистина весели и ведри личности, а нивната позитивна енергија ги „заразува“ сите околу нив. Поради ова, не само што се носат различни чорапи, туку се носат и чорапи со навистина весели бои.

 

Овој ден прв пат е обележан во Сингапур во 2006-та година, а откриен е во 1866 година од лекарот Џон Ленгдон Даун, поради што подоцна ова генетско хромозомско пореметување е наречено Даунов синдром

 

Францускиот генетичар Жером Лежен, во 1959-та година открил за што всушност станува збор. Тој ги проучувал хромозомите и открил дека на 21-виот пар, наместо два, се наоѓаат три хромозоми. Одовде потекнува идејата овој ден да се слави на 21.03 – 21 пар, 3 хромозоми.

 

Според некои процени, на секои 650 новородени деца, се раѓа едно со Даунов синдром.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien