ВИДЕО – Учениците од СОУ „Ѓорче Петров“ од Прилеп изработија клупа која произведува енергија со помош на соларни панели

Иако тоа не им е струка учениците од медицинските паралелки при СОУ „Ѓорче Петров“ од Прилеп, кои ја посетуваат секцијата по физика, изработија клупа која произведува енергија со помош на соларни панели. Учениците клупата ја изработувале 2 месеци.

 

 

„Целта на овој проект е да се поттикне свеста за искористувањето на обновливата енергија, како што е сончевата енергија, за да и ние ја искористиме за понатамошни цели“, кажа Христина Микулек, ученик во СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп.

 

Намерата е во иднина вакви модели на клупи да бидат поставувани по парковите и други јавни површини.

 

„Пред се идејата ја добивме бидејќи оваа е прва ваква клупа во Македонија, доста бевме креативни, доста напорно работевме сите“, рече Василиј Пенков, ученик во СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп.

 

Ова е прва ваква клупа изработена во Македонија и тие сакаат да го патентираат својот производ.

 

„До 31 овој месец има конкурс во Фондот за иновации, планираме таму да ја претставиме, да видиме што можеме да добиеме. Бидејќи ова е нешто ново и иновативно. Потоа како идеја имаме истата да биде презентирана во општината и другите училишта“, истакна Сашо Кочоски, професор по физика.

 

„Истата со 5 часови полнење на електрилна енергија може да ги надополни во целост дневните потреби. Во недостиг на сончева светлиина непрекинато може да работи 5 дена, а потоа ќе мора да се надополнува“, додаде Горан Микулек, родител на ученик кој помагал околу изработкатана клупата.

 

Бидејќи клупите се еколошки, произведуваат енергија и се со пристап за интернет учениците се надеваат дека оваа нивна креација ќе наиде на голема поддршка како од државата, така и од Општина Прилеп.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи