Објавен првиот трејлер за новиот филм на Квентин Тарантино

Објавен е трејлерот за деветтиот филм на познатиот режисер Квентин Тарантино, „Беше еднаш во Холивуд”.

 

На сценариото за овој филм, Тарантино работеше цели пет години и собра импозантна актерска екипа, предводена од Бред Пит, Леонардо ди Каприо и Маргот Роби.

 

Покрај нив, во филмот се појавуваат и оскаровецот Ал Пачино, Брус Дерн, Тим Рот, Тимоти Олифант, Курт Расел, Дакота Фенинг, Дамјан Луис, Лук Пери, Емил Хирш, Џејмс Марсден, Мајкл Медсен и многу други.

 

Ова е воедно и последната филмска улога на неодамна починатиот актер Лук Пери.

 

Продукцијата на филмот ја потпишуваат Дејвид Хејман, Шенон Мекинтош и Тарантино, а извршен продуцент е Џорџија Касандес.

 

„Беше еднаш во Холивуд” е приказна за еден актер и неговиот двојник, кои тргнуваат на пат за да го пронајдат своето место под сонцето во филмската индустрија. Нивното патување се одвива на врвот на хипи Холивуд, далечната 1969 година во Лос Анџелес.

 

Рик Далтон (Леонардо ди Каприо), поранешна ѕвезда на вестерн ТВ серија, и неговиот долгогодишен двојник Клиф Бут (Бред Пит) во време на последните знаци на златниот Холивуд се борат за својот успех во светската престолнина на филмската индустрија, која веќе не ја препознаваат.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи