Заврши времето кога инвеститорите беа рекетирани и уценувани од страна на моќниците на криминалната власт на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски. Се вели во писмената реакција на ОО СДСМ Прилеп, како одговор на денешната прес конференција на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.
Писмената реакција ја пренесуваме во целост.
„Никогаш повеќе нема да се повтори корумпираната власт која бараше мито од секој заинтересиран инвеститор, како би можел да гради и да инвестира во погони, фабрики и други стопански капацитети.
ВМРО-ДПМНЕ е толку заглавена во сопствената криминална и назадна матрица, што се дрзнува да критикува инвестиции и отворање на нови работни места за граѓаните на Прилеп.
ВМРО-ДПМНЕ е против нови вработувања, против повисок животен стандард за прилепчани.
Ваквото однесување на партијата на Мицкоски, во овие моменти кога целата држава оди напред, кога домашните и странските инвеститори вложуваат стотици милиони евра во нови капацитети, е целосно неодговорно и антидржавно.
Додека Македонија оди напред, ВМРО-ДПМНЕ влече назад. Затоа ќе биде казнета на следните претседателски избори“, се вели во реакцијата на ОО СДСМ Прилеп.