СДСМ: Прилепчани добиваат европски стадион и базени за спорт, рекреација и терапевтски цели

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Марјан Ристески и неговиот ментор Груевски потрошија стотици милиони евра, а не изградија ниту еден капитален спортски објект во Прилеп. Прилепчани добиваат европски стадион и базени за спорт, рекреација и терапевтски цели, токму како што вети градоначалникот во својата предизборна програма, реагираа од СДСМ Прилеп на денешната прес конференција од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

Реакцијата ја пренесуваме во целост.

 

12 години криминалната власт на ВМРО-ДПМНЕ ги злоупотребуваше парите на граѓаните, а митото, корупцијата и нелегалните тендери, станаа нејзин заштитен знак.

Екс градоначалникот на Општина Прилеп, Марјан Ристески и неговиот ментор Груевски потрошија стотици милиони евра, а не изградија ниту еден капитален спортски објект во Прилеп, иако пред секои избори ги лажеа прилепачани дека само што не изградиле покриен базен и само што не го реконструирале градскиот стадион.

За разлика од криминалната матрица на ВМРО-ДПМНЕ, за СДСМ и градоначалникот Илија Јованоски, зборот е збор!

Во моментот се реконструира градскиот стадион „Гоце Делчев“, а Општина Прилеп подготвува Основен проект и го променува Деталниот урбанистички план во населбата „Точила“ за легална и законска изградба на комплексот со покриени базени.

Прилепчани добиваат европски стадион и базени за спорт, рекреација и терапевтски цели, токму како што вети градоначалникот во својата предизборна програма.

Истите тие злоупотребени млади членови на ВМРО-ДПМНЕ, кои денеска се потсмеваат со изградбата на комплекс со покриени базени во Прилеп, а кои 12 години молчеа и ги одобруваа лагите и злоупотребите на Ристески и Груевски, ќе имаат прилика да спортуваат во овој капитален проект.

Општина Прилеп и Македонија забрзано чекорат напред, а ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски остануваат заглавени во криминалната и назадна матрица.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video