Татковците добиваат породилно отсуство

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Покрај 9 месечното породилно отсуство од работа што го добиваат мајките, и татковците ќе добијат еден месец слободен веднаш штом добијат принова во семејството.

 

Сегашните правила не му дозволуваат на таткото да отсуствува од работа, но по законските измени кои ќе влезат во Собрание до крајот на годината, ќе може да искористи еден месец породилно отсуство.

 

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, која учествуваше на денешната панел-дискусија „Споделено родителско отсуство – Зошто е важно, најдобри практики и искуства“, чија тема беа унапредување на правата на родителите, родовата еднаквост, раниот детски развој и креирање закон за работни односи, изјави дека породилното отсуство што ќе го користи таткото нема да биде условено од користењето на породилното од мајката.

 

„Како Влада на која секое дете ѝ е важно, но и која работи на унапредување на родовата еднаквост, сметаме дека воведувањето на споделеното родителско отсусво ќе значи многу за раниот развој на детето, кој е многу важен, но и за присуството на двајцата родители на пазарот на трудот, што во пракса најчесто тоа е таткото“, рече министерката Царовска.

 

Според неа, на ваков начин, државата ќе покаже дека ја почитува родовата рамноправност и се грижи преку ваков тип флексибилни мерки да го унапреди наталитетот, без намалување на женските права.

 

Моментално, таткото има право да земе родителско отсуство, но само ако мајката се откаже од користење на деветте месеци кои и следуваат.

 

Во Македонија и порано имало обиди да се изменат законите и нормите и да им се дозволи и на татковците да можат да се грижат за децата уште од нивното раѓање. Но, тоа никогаш не се остварило. За да има кој да се грижи за детето, мајката е приморана да не оди на работа.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video