Синоќа во Драмскиот театар во Скопје „Некст тајм“ ја промовираа третата песна во низа од проектот за преработка на стари македонски песни.
После многу успешните „Ја излези Ѓурѓо“ и „Слушам кај шумат шумите“, успешниот тим се здружи за да ја реализира најновата верзија на „Нешто ќе те питам бабо“.
Во најавата за промоцијата, браќата Мартин и Стефан Филиповски порачаа:
„Со гордост ви најавуваме промоција за нов видеозапис, за уште една македонска народна песна „Нешто ќе те питам бабо“. Веруваме дека и по третпат ќе ве направиме горди и ќе ја зачуваме македонската песна заедно“.
Аранжманот е дело на Никола Мицевски, а приказната преку режија ја раскажа Огнен Шапковски.
196