Пешак се здобил со тешки телесни повреди, откако бил удрен од автомобил, информира МВР.
Вчера околу околу 06:50 часот на улица „Марксова“ во Прилеп, патничко возило „Фолксфаген Венто“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 48-годишниот Ж.Н. од село Дреновци, прилепско, удрило во пешакот А.С.(44) од Прилеп. Од ударот А.С. се здобил со тешки телесни повреди и по укажаната помош во болницата во Прилеп бил префрлен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Од страна на надлежните органи бил изршен бил увид на местото на несреќата.
149