На 24 март во продавница на улица „Кеј 1-ви Мај, во Прилеп, две непознати лица со закана од вработената одзеле пари од дневниот промет и побегнале во непознат правец.
Од СВР Битола соопштуваат дека по преземени мерки и претреси на 25 март во 07.00 часот од ул. „Максим Горки“ лицето С.С (38) од Прилеп е лишено од слобода под сомнение за сторено кривично дело по член 237 од Кривичниот Закон и на истиот одредена му е мерка притвор во траење до 30 дена.