Ученици и наставници од Романија, Турција, Италија и Португалија ја посетија Општина Прилеп

ОУ “Гоце Делчев“ кое е домаќин на ученици и наставници на партнер училиштата од Романија, Турција, Италија и Португалија преку проектот “Социјална инклузија на обесправени ученици“, денеска ја посетија Општина Прилеп.

 

Станува збор за проект кој е дел од програмата на Еразмус+КА2 на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

 

“Социјална инклузија на обесправени ученици” има за цел да развие пет методологии и стратегии како што се: соученичко учење, тимска и проектна настава, поддршка на подучувачки активности, развој на индивидуални способности кај децата кои имаат потенцијал во одредени предмети и меѓукултурна соработка на учениците од различни држави.

 

Преку проектот наставниците ќе добијат надградување на вовоспитно – образовниот процес.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien