Апелација и ја намали казната на Јанкулоска за „Тенк“ од 6 на 4 години затвор

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Апелациониот суд Скопје делумно ги уважи жалбите на екс министрката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска за пресудата во случајот „Тенк“ за незаконска набавка на Мерцедесот од страна на МВР, и првостепената казна од шест години затвор и ја намали на четири години.

 

Како што се наведува во соопштението од Апелација, во останатиот дел првостепената пресуда во целост ја потврдува.

 

Сепак Јанкуловска нема да оди веднаш во затвор, поради тоа што има бебе под една година.

 

Инаку поранешната министерка за внатрешни работи  за набавката на владиниот „мерцедес“, вреден 600 илјади евра, на 8 октомври минатата година беше  осудена на шест години затвор. За истиот случај, екс премиерот Никола Груевски доби две години затвор. Помошник-министерот Ѓоко Поповски првично доби 6.5 години, а потоа му беше намалена на 4 години и 6 месеци.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи